Основана од Г-дин Ристе Ристовски, градежен инженер кој има работено и соработувано со врвни градежни и консултантски компании во земјата и странство, носејќи преку 30 годишно искуство, умешност и лидерство од областа на градежништвото и инфраструктурни објекти од секаков вид, а особено во областа на патишта и железници.

Ние нудиме изработка на проекти со врвен квалитет, технички решенија и консултантско-советодавни услуги, преку комуникација со нашите клиенти, тимска работа и посветеност за градење долгорочна соработка и партнерства. Навремената достава на секоја фаза од проектите се води со интегритет, искреност и грижа.

Виаинг соработува со парнтери, проектанти, инженери, архитекти, дизајнери и консултанти со цел да ги постигнеме највисоките стандарди за секој проект на кој работиме.

Клучни услуги
Проектирање патишта и железници
Проектирање инфраструктурни објекти
Сообраќајни проекти
Консултантски услуги
Аутсорсинг